Акира Мијаваки (јапонски: 宮脇 昭, Miyawaki Akira, р. 29 јануари 1928 г. во Окајама, Јапонија) е јапонски ботаничар и експерт за растителна екологија.[1] Тој е посветен на семе и истражување на природните шуми. Активно се залага на глобално ниво за обновување на природната вегетација на деградирана земја. Од 1993 година, тој е редовен професор во пензија Јокохамскиот национален универзитет[2] и доживотен почесен директор на Јапонскиот центар за меѓународно проучување на екологијата.[3] Мијаваки ја доби наградата „Сина планета“ во 2006 година.[4]