Аксино — хипотетичка елементарна честичка предвидена од некои теории на честичната физика. Печеи-Квиновата теоријата се обидува да ја објасни набљудуваната појава позната како силен CP-проблем преку воведување на хипотетичка реална скаларна честичка наречена аксион. Додавањето суперсиметрија на моделот го предвидува постоењето на фермионски суперпартнер за аксион, аксино и бозонски суперпартнер , саксион. Сите тие се измешани во хирално суперполе.
Аксиното се претпоставува дека е најлесната суперсиметрична честичка во таковиот модел.[1] Делумно поради ова својство, се смета за кандидат за составот на темната материја.[2]
Супермултитетот кој содржи аксион и аксино е предложен како поттикнувач на нарушувањето на суперсиметријата, каде што супермултиплетот добива очекувана вредност од F-членот.[3]
|
![]() | Оваа статија од областа на честичната физика е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |