Аламоски кактус | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | растенија |
Нерангирано: | скриеносеменици |
Нерангирано: | евдикоти |
Нерангирано: | јадрени евдикоти |
Ред: | каранфиловидни |
Семејство: | кактовидни |
Племе: | кактовидни |
Род: | ферокактуси |
Вид: | F. alamosanus |
Научен назив | |
Ferocactus alamosanus (Britton & Rose) Britton & Rose 1922 |
Аламоскиот кактус (Ferocactus alamosanus) е вид на кактус од видот ферокактуси. Овој кактус може да се најде во Мексико.[1] Името на кактусот потекнува од месноста Аламос во мексиканската сојузна држава Сонора.[2]
Овој кактус се наоѓа во западниот дел на Сиера Мадре Оксидентал, во областа на Аламос во Мексико. Кактусот живее на надморска висина од 450 до 1300 метри. Кактусот може да се најде во тропските предели па сè до боровите или дановите шуми. Овој вид не е доста чест и се смета дека набрзо може да се најде на списокот на загрозени видови. Има само околу 10 локации каде може да се најде кактусот.[3]
Кактусот е дел од групата на бурести кактуси (налик на буренце). Примероците на кактусите живеат сами, но понекогаш може да се најдат и мали групи. Телото на кактусот е цилиндресто, расте до 30 см во пречник и висина до 25 см. Кактусот има од 12 до 20 ребренца, тие се длабоки. Централната боцка е налик на игла и може да достигне до 6 см должина. Има 8 радијални боцки со должина до 4 см. Цветовите се зеленкасто-жолти, може да бидат долги до 45мм и пречник од 35 мм. Плодот е темноцрвен.
|