Алгуња | |
Координати 42°15′38″N 21°49′0″E / 42.26056° СГШ; 21.81667° ИГД | |
Регион | Североисточен |
Општина | Старо Нагоричане |
Област | Средорек |
Население | 300 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1303 |
Повик. бр. | 031 |
Шифра на КО | 17003 |
Надм. вис. | 445 м |
Алгуња на општинската карта Атарот на Алгуња во рамките на општината | |
Алгуња на Ризницата |
Алгуња — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Средорек, во околината на градот Куманово.
Населбата се наоѓа на крајниот северозападен дел на територијата на Општината Старо Нагоричане, од десната страна на Пчиња, а нејзиниот атар се допира со државната гранична линија со Србија. Како периферна населба, таа има ридски карактер на надморска височина од 500 метри. Од градот Куманово селото е одд алечено 28 км.
Атарот е со средна големина и зафаќа простор од 15,2 км2. Обработливото земјиште зазема површина од 697 ха, на пасиштата отпаѓаат 642 ха, а на шумите 104 ха. Според тоа, селото има полјоделско-сточарска функција.[2]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Алгуња живееле 256 жители, сите Македонци.[3] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Алгуња имало 240 Македонци, патријаршисти.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 450 Македонци.[5]
Од оваа населба се иселил значителен дел од населението, така што таа преминала од средно по големина, во мало село. Во 1961 година Алгуња броела 755 жители, од кои 597 биле Срби, а 158 жители Македонци. Во 1994 година бројот се намалил на 288 жители, од кои 191 се Срби, а 96 жители Македонци.
Според пописот од 2002 година, во селото Алгуња имало 237 жители, од кои 88 Македонци и 149 Срби.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 300 жители, од кои 85 Македонци, 4 Албанци, 3 Роми, 136 Срби, 3 останати и 69 лица без податоци.[7]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[8]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | Лица без под. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | 725 |
1953 | 59 | — | 7 | 128 | — | 593 | ... | — | — | 787 |
1961 | 158 | — | — | ... | ... | 597 | ... | — | — | 755 |
1971 | 170 | — | — | — | ... | 480 | ... | — | — | 650 |
1981 | 71 | — | — | 2 | — | 379 | ... | — | — | 452 |
1991 | 67 | — | — | — | — | 209 | ... | 5 | — | 281 |
1994 | 96 | — | — | — | — | 191 | ... | 1 | — | 288 |
2002 | 88 | — | — | — | — | 149 | — | 1 | — | 237 |
2021 | 85 | 4 | — | 3 | — | 136 | — | 3 | 69 | 300 |
Колицко е православно (македонско-српско) село.
Родовите во селото се делат на маала.
Каленчарци и Кајсторовци се иселиле во селото Кокино. Основачите на овие два рода се доселиле од Алгуња, тие се постари иселеници. Марушани се иселени во Карабичане. После Втората светска војна имало иселување во Белград, Пожаревац, Смедерево (во Србија), Скопје и Куманово.[9]
Од културните споменици во Алгуња била изградена средновековна црква „Св. Никола", која е сега во урнатини, но сè уште не е точно познато кога била подигната.