Александар Прокопиев

Александар Прокопиев
Александар Прокопиев во 2012 година
Роден/а24 февруари 1953(1953-02-24)(71 г.)
Скопје, НР Македонија, ФНРЈ
Занимањеписател
НационалностМакедонец
НародностМакедонец

Александар Прокопиев (Скопје, 24 февруари 1953) — македонски прозаист, есеист и поет.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Тој бил прозаист и есеист. Роден во Скопје, 1953. Дипломирал и магистрирал на Филолошкиот Факултет во Белград, на групата за компаративна книжевност и теорија на литературата. Работи во Институтот за македонска книжевност при Филолошкиот факултет во Скопје[2].

Основоположник на постмодернизмот во современата македонска литература. За новелата „Ѕиркачот“ бил номиниран за книжевната награда „Балканика“ во 2007 година.

Делата на Прокопиев се преведени на англиски, јапонски, француски, чешки, германски, унгарски, полски, италијански, руски, српски и бугарски јазик.

Член е на Независните писатели на Македонија.

Творештво

[уреди | уреди извор]

Прокопиев е автор на следниве дела:

  • Младиот мајстор на играта“ (раскази), 1983
  • …или…“ (раскази), 1987
  • Пловидба кон Југ“ (раскази), 1988
  • Слово за змијата“ (раскази), 1992
  • Ars amatoria“ (раскази), 1998
  • Слика тркало“ (хаику), 1998
  • Дали Калимах беше постмодернист?“ (есеи), 1994
  • Патување на сказната“ (есеи), 1996
  • Антиупатства за лична употреба“, 1996/2000
  • Постмодерен Вавилон“ (есеи), 2000
  • Човекот со четири часовници“ (раскази), 2003
  • Борхес и компјутерот“ (есеи), 2005
  • Ѕиркачот“ (новела), 2007
  • „Човечулец: бајки од левиот џеб“, 2011
  • „Делфин“ (раскази), 2018
  • „Син-риба“ (раскази), 2020
  • „Љубовни аматери“ (раскази), 2021

Три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).[3]

  1. Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 218.
  2. „Александар Прокопиев - Биографија“. Архивирано од изворникот на 2010-11-07. Посетено на 2009-11-05.
  3. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 115-118.