Алексеј Покушевски | |
---|---|
Позиција | Центар |
Висина | 2.13 м |
Тежина | 95 кг |
Лига | НБА |
Број | 17 |
Роден | 26 декември 2001 Белград, Србија, Сојузна Република Југославија |
Националност | српска |
Драфт | 2020 / Рунда: 1 / Пик: 17-ми overall |
Избран од Минесота тимбервулфс | |
Проф. кариера | 2019– |
Клубови | |
2019–2020 | Олимпијакос |
2019–2020 | →Олимпијакос Б |
2020 –до денес | Оклахома Сити тандер |
2021 | →Оклахома Сити блу |
Репрезентација |
Алексеј Покушевски (Белград, 26 декември 2001 година) — српски кошаркар кој моментално игра за Оклахома Сити тандер. Висок е 213 сантиметри и ги покрива надворешните позиции на теренот.
Покушевски детството го поминал во Нови Сад, каде започнал да тренира кошарка. Негов прв клуб бил локалниот КК Кадет, а најдолго играл во помладите категории за КК Старс Нови Сад, каде поминал пет години. После тоа, тој бил играч на Војводина.[1] Во 2015 година, тој се преселил во јуниорските категории на Олимпијакос. Во 2017 година тој бил дел од таборот на Џордан бренд класик, а во август 2018 година учествувал во кампот Кошарка без граници во Белград.[2]
Во текот на летото 2018 година, бил приклучен на првиот тим на Олимпијакос, кај тренерот Давид Блат.[3] За Олимпијакос дебитирал на 19 март 2019 година, во натпревар од Евролигата, кога го победиле Баерн Минхен со 89:69 во Домот на мирот и пријателството во Пиреја. На овој натпревар Покушевски минал 51 секунда на теренот и во тој период забележал еден поен, една асистенција и два скока.[4] Со овој настап станал најмладиот играч на Олимпијакос што некогаш заиграл во Евролигата.[5] На 17 години и 83 дена, колку што имал на неговото деби, Покушевски го соборил рекордот што го држел Јоргос Принтезис кога дебитирал во Евролигата за Олимпијакос на 17 години и 229 дена.[6] Покушевски настапил уште на еден натпревар во Евролигата во оваа сезона, на 5 април 2019 година, кога поминал пет минути на теренот во победата од 99:74 над Дарушафак во Пиреја, без да постигне кош.[7]
За сезоната 2019/20 бил даден на позајмица во Олимпијакос Б, кој се натпреварувал во Втората лига на Грција. Во текот на оваа сезона, Покушевски на 11 одиграни натпревари за вториот тим на Олимпијакос имал просек од 10,8 поени, 7,9 скока и 3,1 асистенција за 22,6 минути.[8] Во текот на февруари 2020 година, првиот тим на Олимпијакос имал проблеми со повредите, па Покушевски му се приклучил на првиот состав. Тогаш го забележал и единствениот настап за првиот тим на Олимпијакос во оваа сезона, кога на 20 февруари 2020 година, во 25. коло од Евролигата, бил поразен францускиот Асвел со резултат 77:68. На теренот поминал една минута и 49 секунди, без да постигне кош.[9]
Во април 2020 година, Покушевски објавил дека ќе излезе на драфтот во НБА за 2020 година.[10] Заради пандемијата на вирусот корона, НБА драфтот се одржал во ноември. Покушевски бил избран како 17-ти пик од Минесота тимбервулфс,[11] но два дена подоцна бил истргуван во Оклахома Сити тандер.[12] Официјално потпишал договор со Оклахома на 9 декември 2020 година.[8]
Дебитирал за Оклахома на 26 декември 2020 година, на отворањето на сезоната 2020/21. Оклахома славела на гостувањето кај Шарлот хорнетс со резултат 109 : 107, а Покушевски на теренот минал 10 минути и 56 секунди во текот на кои забележал четири скока, но останал без поен, со шут од 0/6 од игра.[13] На вториот натпревар во сезоната, кога Оклахома загубила на домашен терен од Јута џез со 110 : 109, Покушевски минал 14 минути на теренот, но повторно останал без постигнат поен.[14] Своите први поени во НБА ги постигнал на третиот натпревар во сезоната, кога на 29 декември, Оклахома на домашен терен загубила од Орландо меџик со 118 : 107. Покушевски постигнал два поени за нешто повеќе од 19 минути на паркетот, со шут од игра 1/8.[15] Првиот двоцифрен учинок го имал на 13 јануари 2021 година, кога на натпреварот со Лос Анџелес лејкерс со постигнал 10 поени [16]
Во февруари 2021 година, бил префрлен во Оклахома Сити блу од НБА развојната лига.[17]
Со репрезентацијата на Србија до 17 години учествувал на СП 2018 во Аргентина. Државната репрезентација го завршила натпреварувањето на ова првенство на 10-то место, а Покушевски во седум одиграни натпревари просечно забележал по 7,7 поени, 8,3 скока, 1,6 асистенции и 3 блокади по натпревар.[18]
Со репрезентацијата до 18 години, учествувал на ЕП 2019 во грчкиот град Волос. Државната репрезентација го заврши натпреварувањето на 10-то место на ова првенство, а Покушевски на седум одиграни натпревари просечно забележал по 10 поени, 7,2 скока, 3,7 асистенции, 2,7 украдени топки и четири блокади по натпревар.[19]
Семејството Покушевски живеело во Приштина, но поради војната во Косово во 1999 година, тие побегнале прво во Подгорица, каде што таа година се родил постариот брат на Алексеј, Оњегин[20], а потоа во Белград, каде што е роден Алексеј во 2001 година. После тоа, трајно се населиле во Нови Сад.[21] Семејството Покушевски се преселило во Косово, во селото Врело кај Липљан во 1921 година од Прњавор [22], а во Прњавор се доселиле од Галиција, која тогаш и припаѓала на Австроунгарија, а денес на Украина.[23]
Откако потпишал договор со Олимпијакос, Алексеј се преселил во Грција во 2015 година, на 13-годишна возраст. Додека настапувал во грчките натпреварувања, Покушевски се сметал како домашен играч, бидејќи започнал да игра во истите пред неговата 14-та година.[24] Имал можност да игра за репрезентација на Србија или на Грција, но ја одбрал Србија.[25] Неговиот татко, Саша Покушевски, е поранешен кошаркар и кошаркарски тренер. Саша играше за Приштина и бил тренер на Нови Сад .
|accessdate=
(help)
|accessdate=
(help)
|accessdate=
(help)
|accessdate=
(help)
|accessdate=
(help)
|accessdate=
(help)
|accessdate=
(help)
|accessdate=, |date=
(help)
|accessdate=
(help)
|accessdate=
(help)
|accessdate=
(help)
|accessdate=
(help)
|accessdate=
(help)
|accessdate=
(help)
|accessdate=
(help)
|accessdate=
(help)
|accessdate=
(help)
|accessdate=
(help)