Лични податоци | |
---|---|
Цело име | Алексеј Владимирович Цатевич |
Роден | 5 јули 1989 Верхњаја Пишма, СССР |
Починал | 8 април 2024 Верхњаја Пишма, Русија | (возр. 34)
Висина | 1,69 м |
Маса | 64 кг |
Податоци за клубот | |
Мом. клуб | Гаспром-РусВело |
Дисциплина | друмски велосипедизам |
Улога | возач |
Вид на возач | спринтер |
Аматерски клубови | |
2007 2011 | Педале Кастелано Понтенуре Итера-Катјуша |
Професионални клубови | |
2012–2016 2017 | Катјуша Гаспром-РусВело |
Последна промена 9 април 2016 |
Алексеј Цатевич (руски: Алексей Владимирович Цатевич; 5 јули 1989 - 8 април 2024) — руски професионален друмски велосипедист, кој моментално вози за професионалната континентална екипа Гаспром-РусВело.
Цатевич се натпреварувал како професионалец од почетокот на сезоната 2012, кога му се приклучил на Катјуша,[1] претходно настапувајќи за развојната екипа на Катјуша, Итера-Катјуша, во 2011. По неколку пласмани во првите десет во текот на сезоната 2012, Цатевич ја постигнал својата прва победа во неговата професионална кариера во февруари 2013, кога ја освоил трката Ле Самин во Белгија.[2][3] Цатевич нападнал на околу 500 метри пред целта и успеал да ја победи групата на целта во Дур.[4]
Бил вклучен во почетниот состав за Џиро д’Италија 2016.[5] На деветтата етапа, поединечниот хронометар, Цатевич бил казнет заради пресекување зад Тобијас Лудвигсон. Покрај тоа, Катјуша го повлекла од трката.[6][7]
Починал на 8 април 2024 г. во родното место.[8][9]
„Алексеј Цатевич“ на Ризницата ? |