ТВ Алсат М (албански: Alsat M) — македонска национална приватна телевизија која емитува програма на албански и македонски јазик од 1 март 2006 година. Програмската шема на Алсат М во Македонија е целосно посветена на информативната програма. ТВ Алсат М освен информативниот дел, за гледачите во Македонија нуди и емисии од образовен карактер, култура, спорт, како и филмови, документарни емисии и забавни емисии за младите. Алсат М во рамките на својата програма предвидува и дебатни емисии во кои отворено ќе се зборува за различни теми од општествениот живот[1][2].
Од 1 јуни 2006 година гледачите можат да ги следат вестите на Алсат телевизија на македонски јазик. Информативниот блок на македонски јазик се емитува во 22,30 часот и има траење од половина час. Вестите се преведувани од албански јазик и презентирани во полчасовната информативна емисија. „Целта е нашите гледачи да ги разберат вестите кои ги презентираме со оглед на тоа што сме национален концесионер. Не сакаме паралелни редакции, туку сакаме да создадеме една компактна редакција каде што новинарите - Македонци и Албанци ќе работат заедно“, изјавил главниот и одговорен уредник на Алсат, Мухамед Зекири. Вестите ги подготвуваат новинарите од информативниот дел на редакцијата.
|
---|
| Весници, списанија и други периодични изданија |
---|
| Весници | Национални | |
---|
| Регионални и локални | |
---|
|
---|
| Списанија и други периодични изданија | |
---|
| Поранешни | |
---|
|
| | Радио |
---|
| Јавни радиостаници | |
---|
| Приватни радиостаници | |
---|
|
| | |
---|
| Јавни ТВ-канали | |
---|
| Национални ТВ-канали | |
---|
| Регионални/локални ТВ-канали | |
---|
| Поранешни | |
---|
|
| | Компании и организации |
---|
| Новински агенции | |
---|
| Владини и регулаторни тела | |
---|
|
| | | | |
|