Аманда Нокс (филм)

Аманда Нокс е американски документарен филм од 2016 година за Аманда Нокс, двапати осудена и подоцна ослободена за убиството на Мередит Керчер во 2007 година. Премиерата била на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто на 10 септември 2016 година и на Нетфликс на 30 септември 2016 година.[1]

Синопсис

[уреди | уреди извор]

Со интервјуа со Аманда Нокс, нејзиното поранешно момче Рафаеле Солечито, италијанскиот обвинител Џулијано Мињини и новинарот на Дејли Меил Ник Пиза, документарецот го прикажува убиството на цимерката на Нокс, Мередит Керчер и последователната истрага, судењата и жалбите. Преку нејзината слава засилена од таблоидното новинарство, Нокс била осудена за убиство и поминала четири години во италијански затвор пред да биде ослободена од страна на Врховниот касационен суд. „Мислам дека се обидувам да објаснам какво е чувството да се биде погрешно осуден“, објаснила Нокс во едно интервју. „Или да се биде ова страшно чудовиште или да се биде оваа обична личност која е ранлива“.[2]

Од Јули 2017 , овој филм имал рејтинг од 84% на Rotten Tomatoes, врз основа на 43 критики, со просечна оценка од 7,2/10. На Метакритик, филмот имал пондерирана просечна оценка од 78 од 100, врз основа на 17 критичари, што укажува на „генерално поволни критики“.

Филмот бил номиниран за наградите „Прајтајм Еми“ за извонредна документарна или нефикција специјална[3] и за извонредно пишување за нефикциона програма.[4]

  1. Ahmed, Tufayel (August 10, 2016). „Netflix Announces Premiere Dates for Amanda Knox Documentary and Three More“. Newsweek. Посетено на July 17, 2017.
  2. „Amanda Knox Netflix documentary gets mixed reviews“. BBC News Online. September 30, 2016. Посетено на July 17, 2017.
  3. „Nominees/Winners | Television Academy“. Academy of Television Arts & Sciences. Посетено на July 17, 2017.
  4. „Nominees/Winners | Television Academy“. Academy of Television Arts & Sciences. Посетено на July 17, 2017.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]