Американска депозитарна потврда или АДР (англиски: American Depositary Receipt, ADR) — финансиски инструмент кој им овозможува на странските претпријатија посредно да издадат акции на американскиот пазар на капитал. Всушност, со оваа потврда се создаваат „привидни“ акции кои имаат покритие во акциите на претпријатието кое ја издава депозитарната потврда. Притоа, претпријатието ги остава своите акции на чување во некоја банка (депозитарна банка), која ја издава депозитарната потврда, а потоа со неа се тргува на берзите или на шалтерските пазари. На тој начин, посредно, всушност се тргува со оригиналните акции на претпријатието.
Американските депозитарни потврди претствауваат механизам кој им овозможува на странските фирми да приберат капитал преку издавање акции во САД или нивните акции да котираат на американските берзи или на шалтерските пазари. Оттука, за американските инвеститори, тргувањето со американските потврди е сосема исто како да тргуваат со акциите на претпријатијата кои ги издаваат. Цената на американската депозитарна потврда се изразува во долари и таа постојано се приспособува во однос на промените на девизниот курс. Исто така, цената на американската депозитарна потврда се движи многу блиску до цената на оригиналните акции на кои гласи таа, т.е. разликата меѓу цената на поттврдата и цената на акциите ретко надминува 1 %. Купувачите на депозитарната потврда го задржуваат правото на глас кое го носат акциите што служат како поткрепа на потврдата. Со други зборови, ако инвеститорот поседува потврда која гласи на 100 акции од некое претпријатие, тогаш тој има право на глас на акционерското собрание. Трговијата со АДР започнала во 1927 година, а потоа овој пазар доживеал голем пораст. На пример, во 1995 година, на американските берзи се тргувало со 1 800 АДР од 58 земји, додека во јуни 2008 година, на Њујоршката берза котирале 418 американски депозитарни потврди од 45 земји.[1][2][3]
АДР им овозможуваат бројни предности на инвеститорите, како:[4]
Депозитарните потврди ги издаваат познатите странски мултинационални претпријатија, како: Сони, Хонда, Тојота, Дојче телеком, АБН Амро итн., а нив ги создаваат големите банки, како Ситикорп или Банка на Америка. Постојат три нивоа на американски депозитарни потврди:[5][6]
Меѓутоа, во 2002 година со т. н. Сарбејнс-Окслиев закон (Sarbanes-Oxley Act) биле поставени дополнителни, поостри критериуми за АДР од првото и второто ниво, со што значително се намалила нивната привлечност.