Амидон (Ἀμυδών, Ἀμυδῶνος) — древен град кој се наоѓал некаде околу долниот тек на реката Вардар, односно во Амфакситида. Амидон се споменува во Хомеровата Илијада како град на Пајонците.[1] Страбон го споменува Амидон во својата „Географија“ како Абидос (Ἄβυδος).[2]