Амолјани Αμμουλιανή | |
---|---|
Поглед на Амолјани | |
Местоположба во областа | |
Координати: 40°19.58′N 23°55.17′E / 40.32633°N 23.91950°E | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Халкидички |
Општина | Аристотел |
Општ. единица | Стагира-Акант |
Надм. вис. | 5 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 529 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Амолјани или Амулјани (грчки: Αμμουλιανή) — остров и село во Лариговско, Егејска Македонија, денес во општината Аристотел на Халкидичкиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Селото Амолјани брои 529 жители (2011).
Островот се наоѓа во северозападниот крај на Светогорскиот Залив, меѓу вториот и третиот крак на полуостровот Халкидик. Оддалечен е 3 морски милји од пристаништето Трипити на Светогорскиот Полуостров.[2]
Името води потекло од македонскиот поим *Молјане од топонимот или хидронимот Мол, изведен од мол-, во подмол, „дупка во брег под водата“. Од овој корен се поимот мил (слично на тиња) и имињата на селата во Вардарска Македонија како Подмол (во Прилепско) и Подмоље (во Охридско). Сето ова укажува на словенското/македонското минато на островот.
Островот во минатото бил метох (посед) на еден од светогорските манастири.[3] Црквата „Св. Никола“ е изградена во 1860 г.[4]
По Балканските војни во 1913 г. островот е припоен кон Грција согласно Букурешкиот договор. Во 1922 г. тука се доведени грчки доселеници од Мала Азија и островите Мраморното Море — Галими, Пасалимани и Скупија.[2] Во 1928 г. Амолјани е заведено како доселеничко место со 496 жители од 145 семејства.[5]
Во 1940 г. Амолјани имало 613 жители, кои во 1951 г. се намалиле на 536.[3] Во 1961 г. броело 554 лица, а во 1971 г. имало 554 жители, за во 1981 г. да се смалат на 449. На пописот од 1991 г. е забележан пораст на 606 жители, но населението подоцна повторно опаднало, и тоа на 542 во 2001 и 529 во 2011 г.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 613 | 536 | 554 | 445 | 499 | 606 | 542 | 529 |
Покрај рибарството, маслинкарството и овоштарството, населението се занимава со туризам, кој е најдоходовната гранка.[3]
|
|