Анастасија Дмитриевна Безрукова (руски: Анастасия Дмитриевна Безрукова, 5 јануари 2004) - руска детска манекенка и глумица.[1]
Анастасија Безрукова е родена во Москва . На десетгодишна возраст, таа била една од најбараните детски модели во Европа. Безрукова била модел за брендови како Бенетон, Пинко, Москино. Таа исто така била на насловната страница на Vogue .[2][3][4]
Во 2016 година ја играла една од главните улоги во филмот „Млечниот Пат“.[1][5]
Понатаму, во октомври 2015 година Безрукова се приклучила на глумечката екипа на уште еден филм на Ана Матисон, насловен како Откако ќе те нема.[1] За нејзината улога, таа посетувала приватни часови за танц од кореографот Раду Поклитару и часови по глума од танчерот на балет во театарот „Бољшои“ во Москва. Повторно глумела како ќерка на пензиониран балетан кој се соочува со напредувачка болест.[6] Сценариото е напишано со Безурукова во умот, но без да знае дека таа вежбала ритмичка гимнастика и поради тоа немало да бара лице што ќе го заменува главниот лик во филмот.[7]
Таа исто така има настапувано во музички спот со наслов „Несоница“.[1][8]
Година | Наслов | Оригинален наслов | Улога | Белешки |
---|---|---|---|---|
2016 година | Млечниот Пат | Млечный путь | Лиза Кајгородова | |
2017 година | Откако ќе те нема | После тебя | Кјара |