Ангел (филм од 1982)

Ангел (англиски: Angel) — британско-ирски филм од 1982 година, во режија на Нил Џордан, кој е автор и на сценариот. Главните улоги ги толкуваат: Стивен Ри (Stephen Rea), Вероника Квилиган (Veronica Quilligan), Алан Девлин (Alan Devlin), Питер Кафри (Peter Caffrey) и Онор Хефернан (Honor Heffernan).

Синопсис

[уреди | уреди извор]

Дејството на филмот се одвива во периодот на големите насилства во Северна Ирска. Дени (го игра Реа), саксофонист во една патувачка група, е сведок на бруталните убиства на менаџерот на групата (кој одбил да плати рекет) и на една глувонема девојка која била сведок на убиството на менаџерот. Оттогаш, Дени е опседнат со пронаоѓањето на убијците. Неговата опсесија прераснува во толку силен убиствен бес, што на крајот се претвора во ладнокрвен убиец, како оние кои настојува да ги пронајде. Тој ги убива криминалците, но притоа предизвикува и трагедии во животот на неколку невини луѓе...[1] [2]