Џон Андерс Екборг (роден на 9 октомври 1960 година) е шведски глумец и пејач кој ги има изведено улогите на Карл Оскар во Кристина од Дувемала и Фреди Трампер во Шах, два мјузикли напишани од поранешните членови на АББА, Бени Андерсон и Бјорн Улвеус. Тој исто така глумел во многу верзии на мјузикли на шведски јазик, како што се Џекил и Хајд, Евита и Суперѕвездата на Исус Христос. Тој бил оженет со глумицата Лиа Бојсен. Екборг исто така имал интензивна турнеја низ Шведска, главно придружена од Бенгт Магнусон и Андерс Лундквист. Имал издадено еден албум на свое име; Вистински договор (2006). Дополнително, тој се појавил на многубројни гала концерти меѓу кои и Рапсодија во рок.
Во 2007 година тој се појавил во две огромни арена шоуа; Кралицата-Друг вид на магија и Божиќното шоу. Во 2008 година ја извел улогата на Воин во Лондон-мјузиклот, а на 14 јули учествувал на роденденската прослава на шведската престолонаследничка принцеза Викторија.
Во 2009 година Екборг ја направил Специјалната турнеја со Ноел Мекала и Керолин Ларсон. Тој сам направил и божиќна турнеја.
На 6 февруари 2010 Екборг учествувал на Гран при Мелоди; Мелодифестивален, на првата трка во Орнсколдсвик, со песната „Спасителот“, напишана од Тони Нилсон и Хенрик Јансон. Песната била опишана како „прекрасна, но тешка за пеење“ и тоа бил прв пат Екборг да учествува на натпревар. Песната завршила на шестото место во трката, што не било доволно за да продолжи.
(Врвни позиции на табелата за шведски албуми)