Еленор Андреа Андрин (1888–1972) - шведски лекар, пацифист и феминистка. Како лекар, таа специјализирала во третман на дијабетес, комбинирајќи ограничувања во исхраната со инсулин. Како истакната фигура во шведското женско движење, таа станала член на совет на меѓународна демократска федерација на жени во 1945 година, подоцна станала и потпретседател. Таа била претседател на Svenska Kvinnors Vänsterförbund (Здружение на левичарски жени на Шведска) од 1946 до 1964 година. Силен поборник за јадрено разоружување, во 1953 година и била доделена Сталинската награда за мир.[1][2]