Андреас Боурани (роден на 2 ноември 1983) - германски пејач и текстописец.
Боурани е роден од родители кои потекнуваат од Египет и е посвоен како новороденче од едно германско семејство во Аугсбург, југозападно од Баварија. Како млад, тој го посетувал средното училиште во Свети Стефан и студирал во приватното музичко училиште Даунтаун Мјузик Институт (анг: Downtown Music Institute) Во 2008 година се преселил од Минхен во Берлин. Во 2010 година, тој склучил договор за снимање со Јуниверсал Мјузик и настапил на еден од актите на отворањето за Филип Појсел и Кулча Кандела на нивните турнеи во истата таа година.