Андрија Гериќ (24 јануари 1977) е пензиониран српски одбојкар кој играл на позицијата среден блокер. Во клубот и во репрезентацијата го носел бројот 12.
Гериќ дебитирал за државната репрезентација на 7 јули 1995 година во Грција кога СР Југославија ја совладала Грција со 0-3. Во 2000 година во Сиднеј југословенската репрезентација (чии членови биле и Владимир Грбиќ, Никола Грбиќ, Горан Вујевиќ, Иван Миљковиќ) го освоила златниот олимписки медал.
За време на неговата клупска кариера играл за ОК Војводина, Босини Монтичиари, Лубе Банка Марче Мачерата и Иком Латина од Италија, Панатинаикос ВЦ од Грција и Фенербахче од Турција. Тој ја освоил Лигата на шампиони, Купот на ЦЕВ, домашните првенства на Србија, Италија и Турција, како и домашниот куп на Србија и Италија.