Андрија Милошевиќ

Андрија Милошевиќ
Роден Андрија Милошевиќ
6 август 1978(1978-08-06)(46 г.)
Титоград, СР Црна Гора
Занимање глумец

Андрија Милошевиќ (Титоград, 6 август 1978) — црногорски и српски театарски, телевизиски и филмски глумец.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Тој е најстариот син на мајка му Вера и татко му Пека. Андрија има помлад брат Велибор. Детството го поминал во Никшиќ. Како тинејџер сонувал да стане познат фудбалер и на четиринаесет години активно играл фудбал за ФК Сутјеска. На возраст од шеснаесет години тој станал студент во првата генерација на Факултетот за драмски уметности во Цетиње во класата на професор Бора Стјепановиќ. Во втората година од студиите, тој ја добил својата прва голема улога во театарот и тогаш за првпат соработувал со режисерот Милан Караџиќ. Глумата, која што ја засакал, тој ја завршил за време на рокот, со дипломската претстава Госпоѓица Јулија. Во Црна Гора работел на многу претстави со сите режисери и глумци.[2]

Во Белград пристигнал во 2000 година на повик од Светозар Цветковиќ, кој му пронашол ангашман во Атеље 212 во претставата Капутот на валканиот човек. 2003 година Андрија почнал да ја снима серијата Мешан брак со режисерот Милан Караџиќ и сценаристот од Стеван Копривица.

  1. „Andrija Milošević“. IMDb. Посетено на 29 јануари 2021.
  2. „Andrija Milošević“. port.rs. Посетено на 31 јули 2014.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]