Толхук на Гран при д’Изберг 2015 | |
Лични податоци | |
---|---|
Цело име | Антван Толхук |
Роден | 29 април 1994 Јерсеке, Холандија |
Висина | 1,78 м |
Маса | 61 кг |
Податоци за клубот | |
Мом. клуб | Џамбо-Висма |
Дисциплина | друмски велосипедизам |
Улога | возач |
Професионални клубови | |
2015 2015 2016 2017- | Рабобанк Дивилопмент Тим Тинкоф-Саксо (стажант) Ромпот-Оранје Пелотон Лото НЛ-Џамбо |
Последна промена 3 февруари 2020 |
Антван Толхук (холандски: Antwan Tolhoek; р. 29 април 1994) — холандски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Џамбо-Висма.[1]
Роден во Јерсеке, Толхук бил именуван како дел од составот на Лото НЛ-Џамбо за Вуелта а Еспања 2017.[2]
Во декември 2017 година бил суспендиран два месеци од неговата екипа поради поседување апчиња за спиење при тренинг-кампот пред сезоната со што ги нарушил внатрешните правила на екипата.[3] Во јули 2018 година бил именуван во почетниот состав за Тур де Франс 2018.[4] Во мај 2019 година бил вклучен во почетниот состав за Џиро д’Италија 2019.[5]
Неговиот татко Патрик Толхук бил исто така професионален велосипедист.[6]
Голема трка | 2017 | 2018 | 2019 |
---|---|---|---|
Џиро | — | — | 65 |
Тур | — | 37 | — |
Вуелта | 28 | — | — |
СО = се откажал; — = не учествувал
„Антван Толхук“ на Ризницата ? |
|