Антипортер е котранспортер и интегрална мембранска белковина кој е вклучен во вторичниот активен пренос на две или повеќе различни молекули или јони низ плазма мембраната во спротивни насоки.
Во вторичниот активен пренос, едната молекула или јон се движи во насока на електрохемискиот градиент, со што ѝ овозможува на другата молекула или јон да се движи спротивно од нејзиниот електрохемиски градиент. Ова е спротивно од првичниот активен пренос, каде сите молекули или јони се движат спротивно од концентрациските градиенти, при што се користи енергија од ATP.