Пједра во 2008 година | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Антонио Пједра Перес | ||
Роден | 10 октомври 1985 Севиља, Шпанија | ||
Висина | 1,78 м | ||
Маса | 61 кг | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | пензиониран | ||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||
Улога | возач | ||
Аматерски клубови | |||
2002 2003 2004 2005–2006 | Ситроен Мартос Тобало (јуниор) UCOP (јуниор) Кордоба Патримонио де ла Хуманидад Комунитат Валенсијана | ||
Професионални клубови | |||
2007 2008–2011 2012–2014 2016 2017 | Фуертевентура-Канаријас Андалусија-Кахасур Каха Рурал-Сегурос РГА Фунвик Сул Сајклс-Карфур Тим Манзана Постобон | ||
Значајни победи | |||
|
Антонио Пједра Перес (шпански: Antonio Piedra Pérez; р. 10 октомври 1985) — поранешен шпански професионален друмски велосипедист, кој возел професионално во периодот 2007-2017 година.
Роден во Севиља, Пједра настапува како професионалец од 2007, натпреварувајќи се за екипите Фуертевентура-Канаријас и Андалусија-Кахасур, пред да се приклучи на екипата Каха Рурал-Сегурос РГА за сезоната 2012. Пједра однел престижна победа на Рогаланд ГП во мај 2012, победувајќи сам со предност од 35 секунди од најблискиот соперник.[1] Учествувал на Вуелта а Еспања 2012, неговата екипа добила специјална покана и освоил голема победа на етапата 15, планинска етапа со завршница на нагорнина над Езерото Ковадонга. Пједра го следел потегот на неколку возачи, кои се одвоиле на првото искачување на етапата и се одвоил од нив на последното искачување на трката, првото искачување од „екстра“ категорија на Вуелта. Имал 2 минути и 2 секунди предност пред најблискиот соперник, возачот на Еускалтел-Еускади Рубен Перес.[2]
Оваа биографска статија поврзана со шпанскиот велосипедизам е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |