Анџи баи ча

Анџи Баи ча
ВидЗелен

Други називиБел Анџи
Потеклоокругот Анџи, провинцијата Жеџијанг, Кина

Краток описРедок зелен чај со големи листови

Чајот Анџи баи се одгледува во провинцијата Жеџијанг, Кина.

Анџи баи (кинески 安|吉|白 ) или Бел Анџи [1] е зелен чај првично произведен во округот Анџи, провинцијата Жеџијанг, Кина.[1] Сега, може да се најде и во округот Чангсинг, провинцијата Жеџијанг, Кина.

Оваа сорта на чај била откриена во 1982 година, не е толку широко засадена како другите чаеви и има краток период на берба; тој е релативно редок чај и поради тоа е меѓу најскапите чаеви во Кина.[2]

Тој се нарекува „бел“ чај иако е зелен чај.[3] Долгите, тесни листови се со жолта боја и имаат препознатлив набор по должината на листот.[4]

Студија од 2010 година покажала дека чајот е богат со полисахариди кои можат да ја инхибираат хемолизата на крвните клетки.[5]

Ова е многу сладок и густ чај ако се приготвува правилно. Препорачано е да се користи висококвалитетна изворска вода на температура од 75-80 C и кратко време на спуштање за да се извлече максимумот од овој чај.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 „An Ji Bai Cha“. Архивирано од изворникот на 2016-03-10. Посетено на 2016-02-24.
  2. „Anji White Tea“. Kaleidoscope - Food Culture. Cultural China. Архивирано од изворникот на 6 June 2014. Посетено на 4 June 2014.
  3. „Anji White Tea“. Tea Encyclopedia. Архивирано од изворникот на 8 September 2014. Посетено на 4 June 2014.
  4. Mary Lou Heiss; Robert J. Heiss (18 January 2012). The Tea Enthusiast's Handbook: A Guide to the World's Best Teas. Ten Speed Press. стр. 44. ISBN 978-1-60774-378-1.
  5. Victor R. Preedy (2013). Tea in Health and Disease Prevention. Academic Press. стр. 233. ISBN 978-0-12-384937-3.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

https://yunnansourcing.com/products/anji-bai-cha-from-zhejiang