Апненик кај Боштањ Apnenik pri Boštanju | |
---|---|
Местоположба во Словенија. | |
Координати: 46°1′0″N 15°15′22″E / 46.01667°N 15.25611°E | |
Држава | ![]() |
Традиционален регион | Долењска |
Статистички регион | Посавски |
Општина | Севница |
Површина | |
• Вкупна | 2,23 км2 (0,86 ми2) |
Надм. вис. | 405,8 м |
Население (2020) | |
• Вкупно | 44 |
• Густина | 20/км2 (51/ми2) |
Час. појас | UTC+1 |
Пошт. бр. | 8294 |
Рег. таб. | KK |
Апненик кај Боштањ (словенечки: Apnenik pri Boštanju; германски: Kalchberg) — населба западно од Боштањ во Општина Севница во централна Словенија. Областа е дел од историскиот регион Долењска. Населбата сега е вклучена во Посавскиот статистички регион.[1]
Името на населбата е сменето од Апненик (Apnenik) во Апненик кај Боштањ (Apnenik pri Boštanju) во 1953 година. Во минатото германското име било Калхберг (Kalchberg).[2]
Остатоците од средновековниот замок Савенштајн се наоѓаат на ридот Ветрник западно од населбата. За прв пат се споменува во пишани документи кои датираат од 12 век, но најверојатно бил изграден во 11 век. Замокот бил напуштена во 17 век.