Аридификацијата е процес во кој некој регион станува сè посув. Таа се однесува на долгорочни промени,[1] наместо на сезонски варијации.
Често се мери како намалување на просечната содржина на влага во почвата. Тоа може да биде предизвикано од намалени врнежи, зголемено испарување, спуштање на водните маси и промени во покривката на земјата, или како резултат на комбинација од повеќе од овие фактори. Главни последици претставуваат намаленото земјоделско производство, деградација на почвата и промени во екосистемот.[2]
Некои истражувачи открија дека сливот на реката Колорадо и други делови од западна Северна Америка моментално се подложени на аридификација.[3][4]