Општина Аристотел Δήμος Αριστοτέλη | |
---|---|
Податоци | |
Област: | Централна Македонија |
Округ: | Халкидик |
Гео. област: | Халкидик |
Население: | 20.966 (2021) |
Седиште: | Ерисово |
Нас. места: | 32 |
Пошт. бр.: | 630 72 |
Пов. бр.: | 2377 |
Портал: | dimosaristoteli.gr |
Аристотел (грчки: Δήμος Αριστοτέλη, Димос Аристотели) — општина на полуостровот Халкидик во Егејска Македонија, денес во Грција. Административен центар е гратчето Ерисово (Јерисос). Општината е наречена по големиот филозоф Аристотел, кој е роден во ова подрачје. Територијата на општината во најголема мера се совпаѓа со она што традиционално се нарекува Лариговско (или Лериговско).
Карта на населени места на Округот Халкидик
Општината Аристотел е создадена на 1 јануари 2011 г. по законот „Каликратис“.[1] со спојување на три стари општини: Леригово (Арнеја), Ревеник (Панагија) и Стагира-Акант. Денешната општинска единица Стагира-Акант е наречена по два древномакедонски града, од кои првиот е родно место на филозофот Аристотел.
Општинската единица Леригово со седиште во Леригово (Арнеја) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
Општинската единица Ревеник со седиште во Ревеник (Мегали Панагија) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
Општинската единица Стагира-Акант со седиште во Ерисово (Јерисос) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:
|
|