Арнела Оџаковиќ (родена на 5 септември 1983 година, во Требиње, Босна и Херцеговина, Југославија) е босанска каратистка и спортистка на годината во 2007 година.
Таа завршила на петтото место во женска група за над 60 кг, во кумите на Светското првенство во карате 2006 година.[1] Во мај 2010 година, karaterec.com ја рангирал на број 10 меѓу жени во групата +60кг во кумите од 129 вкупно.[2]
Карате кариерата ја започнала на 8-годишна возраст. Поради Босанската војна, морала да го напушти родниот град и за време на војната да остане во Горажде. Во 1996 година се преселила во Сараево и станала член на Карате клубот Сенсеи под инструкторката Мерита Тириќ-Чампара. Од 2000 година била член на Карате клубот Бушидо во Сараево.
Во текот на дванаесет години од нејзината кариера, таа собрала повеќе од 150 медали на државни и меѓународни натпревари.
висина 1,71 m (5'7") кумите карате категорија +60 кг