Артим Шакири | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Артим Шакири | ||
Роден на | 23 септември 1973 | ||
Роден во | Струга, СР Македонија, СФРЈ | ||
Висина | 1,77 м | ||
Позиција | играч од среден ред | ||
Младинска кариера | |||
ФК Динамо Ливада | |||
ФК Караорман | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
–1994 | ФК Караорман | ||
1994–2000 | ФК Вардар | 87 | (21) |
1997–1998 | → Халмстадс БК (позајмен) | 43 | (8) |
2000 | → Тенис Борусија Берлин (позајмен) | 14 | (0) |
2000–2001 | НД Горица | 19 | (3) |
2000–2001 | НК Коротан | 2 | (2) |
2001–2002 | Малатјаспорт | 23 | (3) |
2002–2003 | ЦСКА Софија | 20 | (5) |
2003–2005 | Вест Бромвич Албион | 28 | (1) |
2005–2006 | Олборг | 12 | (3) |
2006 | ФК Интер Турку | 5 | (3) |
2007 | ФК Вадуц | 10 | (0) |
2007 | Шкендија | 25 | (7) |
2008 | Беса Каваја | 8 | (1) |
2008–2009 | Карабаг | 22 | (7) |
Вкупно | 318 | (64) | |
Репрезентација | |||
1996–2006 | Македонија | 72 | (15) |
Тренер на екипи | |||
2012–2013 | Шкендија | ||
2014–2015 | ФК Кукеши |
Артим Шаќири (албански: Artim Shaqiri; р. 23 септември 1973) — поранешен македонски фудбалер, играч од средниот ред и македонски репрезентативец, кој последно настапил за ФК Карабаг во Азербејџан во 2009 година. Тој е роден во Струга, но неговото семејство потекнува од селото Ливада каде што Артим израснал.
Има богата клупска историја, а после пензионирањето продолжува да работи како тренер. Шаќири е највеќе познат по голот кој го постигна од корнер против Англија, натпревар во кој Македонија ремизираше на гости 2:2 против силниот противник. Тогаш беше совладан англискиот голман Дејвид Симан, при што се прослави Артим, па после тоа и доби шанса да заигра за премиерлигашот Вест Бромвич Албион.
Спортски позиции | ||
---|---|---|
Претходник Тони Мицевски |
Капетан на Македонија 2002–2005 |
Наследник Гоце Седлоски |