Архитектурата на Инките е најзначајна пост-колумбиска архитектура во Јужна Америка. Инките својот архитектонски стил го започнале уште од Тиванаку кој бил основан во 2 век во Боливија. Главниот град на Империјата на Инките, Куско, сè уште содржи многу добри примери од архитектурата на Инките, иако голем број на стари ѕидови биле вклопени во новите христијански катедрали. Мачу Пикчу е исто така еден друг добар пример за архиректурата на Инките. Покрај Куско и Мачу Пикчу, значајни се и Саксајваман и Олантајтамбо.