Асорот (хебрејски: עָשׂוֹר; од есер (עשר), што значи „десет“) ― музички инструмент „од десет жици“ спомнат во Библијата. Постои мала согласност за тоа каков вид на инструмент бил или со какви инструменти имал сличности.
Зборот се појавува само трипати во Библијата и не е пронајден на друго место. Во Псалм 33:2 споменувањето е на „ кинор, невел и асор“ (хебрејски: הוֹדוּ לַיהוָה בְּכִנּוֹר; בְּנֵבֶל עָשׂוֹר, זַמְּרוּ-לוֹ׃); во Псалм 92:3, до „небел и асор“; во Псалм 144 до „небел-асор“.[1]
Во Библијата на кралот Џејмс, асор бил преведен „инструмент од десет жици“, со маргинална белешка „испуштeno“ применета на „инструмент“. Во Септуагинтата, зборот е изведен од корен што означува „десет“, грчкиот е ἐν δεκαχορδῷ или ψαλτήριον δεκάχορδον, во Вулгата во decachordo psalterio. Секој пат кога се користи зборот асор, тој го следи зборот небел и веројатно само означува варијанта на небел, со десет жици наместо вообичаените дванаесет што му ги доделил Јосиф Флавиј.[2]