Астрид Линдер

Астрид Линдер - шведски инженер и истражувач за безбедност на моторни возила.[1] За нејзиниот придонес во оваа област, Линдер беше наградена на натпреварот за ЕУ Шампиони во истражувања за транспорт и добила награда од Владата на САД за безбедносна инженерска извонредност.

Линдер го завршила докторатот по машинско инженерство од областа на безбедноста во сообраќајот во 2002 година. Таа работеше на безбедноста и на мажите и на жените за време на сообраќајни несреќи, но нејзината пионерска работа се фокусира на решавање на безбедноста на жените во сообраќајни несреќи, кои се двојно изложени на ризик во споредба со возачите мажи.[2] Линдер постигнала еднаква проценка на безбедноста кај мажите и жените, бидејќи тест-куклата што често ја користи индустријата (заснована на машка морфологија) не претставува распределба на тежината и динамичките одговори на жените.[3] Како решение, Линдер, заедно со нејзините колеги, развија EvaRID - антропометриски соодветна женска тест-кукла за проценка на безбедноста на жените во возилата. EvaRID има потенцијал да биде инструментална алатка за проценка на безбедноста на женските возачи во автомобилите.[4]

Нејзината експертиза вклучува биомеханика, кинематика на патници, превенција од повреди на несреќи со возило, математички симулации и динамично тестирање.[5] Таа моментално ја извршува позицијата директор за истражување на Шведскиот национален институт за истражување на патишта и транспорт[6] и дополнителен професор на Технолошкиот универзитет во Чалмерс.[7]

Користена литература

[уреди | уреди извор]
  1. „Dr Astrid Linder (GS6AP) - Gender Summit“. gender-summit.com. Архивирано од изворникот на 2019-09-30. Посетено на 2019-09-30.
  2. https://www.chalmers.se/sv/institutioner/m2/nyheter/Sidor/Astrid-Linder-%E2%80%93-Ny-adjungerad-professor-p%C3%A5-Chalmers[мртва врска]
  3. Dale, Henrietta (October 7, 2014). „EvaRID: A 50th Percentile Female Rear Impact Dummy FE Model“. www.genderportal.eu.
  4. „EvaRID“. www.vti.se.[мртва врска]
  5. „Docent Lecture - Astrid Linder | SAFER – Vehicle and Traffic Safety Centre at Chalmers“. www.saferresearch.com.
  6. „Astrid Linder“. www.vti.se. Архивирано од изворникот на 2020-09-22. Посетено на 2020-10-07.
  7. „Astrid Linder – Ny adjungerad professor på Chalmers | Chalmers“. www.chalmers.se.