Атлантски часовен појас — географски појас во кој се следи атлантското стандардно време (англиски: Atlantic Standard Time, AST), четири часа поназад од координираното универзално време (UTC-4); дел од годината некои делови преоѓаат на летно сметање на времето, и тогаш се три часа поназад (UTC-3). Часовничкото време во појасот се води по средното сончево време на 60° ЗГД.
Во Канада, покраините Њу Бранзвик,[1] Нова Шкотска[2] и Островот Принц Едвард го водат времето изречно како четиричасовно отстапување од средново време по Гринич (GMT-4). Мали делови од Квебек (источниот Северен Брег и Магдаленските Острови) исто така се водат по атлантското стандардно време. Целиот Њуфаундленд и Лабрадор официјално се води по њуфаундлендското стандардно време,[3] но во практика речиси сиот Лабрадор се води по атлантското.
Континенталниот дел на САД е целосно вон атлантскиот појас, но истиот сепак ги опфаќа териториите Порторико и Американски Девствени Острови.
Деловите од појасот кои преоѓаат на летно сметање го нарекуваат атлантско летно време (Atlantic Daylight Time, ADT) и тогаш се три часа зад GMT (UTC-3).
Часовни појаси во Северна Америка | ||
---|---|---|
Часовен појас | Часови од UTC: стандардно време | Часови од UTC: летно време |
Хавајско-алеутски (на Хаваите) | –10 | –10 |
Хавајско-алеутски (делови од Алјаска) | –10 | –9 |
Алјаски | –9 | –8 |
Тихоокеански | –8 | –7 |
Планински (само Аризона и Сонора) | –7 | –7 |
Планински (други држави) | –7 | –6 |
Централен (само Саскачеван) | –6 | –6 |
Централен (други држави) | –6 | –5 |
Источен (само островот Саутхемптон, Атикокан и Њу Ознабург/Пикл Лејк) | –5 | –5 |
Источен (други држави) | –5 | –4 |
Атлантски (реката Наташкван) | –4 | –4 |
Атлантски (други држави) | –4 | –3 |
Њуфаундлендски | –3:30 | –2:30 |
Свети Петар и Микелон и најголемиот дел од Гренланд |
–3 | –2 |
|