Ашиклар

Ашиклар
Ευρωπός
Поглед на Ашиклар
Поглед на Ашиклар
Ашиклар is located in Грција
Ашиклар
Ашиклар
Местоположба во областа
Ашиклар во рамките на Пајонија (општина)
Ашиклар
Местоположба на Ашиклар во Кукушкиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 40°53.51′N 22°33.9′E / 40.89183° СГШ; 22.5650° ИГД / 40.89183; 22.5650
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки
ОпштинаПајонија
Општ. единицаАшиклар
Надм. вис.&1000000000000008000000080 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно1.734
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Црквата „Св. Ѓорѓи“
Статуа од Европ

Ашклар (Шиклара, Шиклари или Шикларе;[2] (грчки: Ευρωπός, Европос, до 1925 г. Ισικλάρ, Исиклар или Ασικλάρ, Асиклар[3]) — село во Гуменџиско, Егејска Македонија, денес во општината Пајонија на Кукушкиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено со турско мнозинство и македонско малцинство.[4]

Географија

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа на западниот крај на Солунското Поле.

Историјаа

[уреди | уреди извор]

Праисторија и антика

[уреди | уреди извор]

Југоисточно од селото е откриена праисториска могила, а на два рида јужно и југоисточно од селото има антички град, кој се често се поистоветува со старомакедонскиот град Европ.[5]

В Османската империя

[уреди | уреди извор]

На почетокот на XX век Ашиклар било село во Ениџевардарска каза. На австроунгарската военна карта селото е обележано како Ишиклар (Išiklar).[6][7]

Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Аш’клари (Ашъклари) имало 30 жители Македонци христијани и 655 Турци.[8][9] Според спомени на жителите на околните села, дел од населението на Шиклара биле катили познати по своите зулуми, вклучувајќи убиства.[10]

Во 1910 г. во Ашиклар е создадена турска чета за спротивставување на македонските и грчките чети, возглавена од Ќорпе Ибрахим.[11] Истата година според Халкиопулос селото (Ισικλάρ) имало 1.200 муслимани.[7][12]

По податоци на Бугарската егзархија во 1910 г. Шаклара имало 211 семејства сочинети од 1.211 жители Турци.[13]

Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека Ашиклар пред Балканските војни се состоел од 350 куќи на Турци.[14]

Во Грција

[уреди | уреди извор]

По Балканските војни во 1913 г. Ашиклар е припоен кон Грција согласно Букурешкиот договор. Во 1912 г. е заведен како село со исламска религија и турски јазик. На пописот од 1913 г. Асиклар (Ασηκλάρ) е село со 830 жители (476 машки и 354 женски).[7] Во 1920 г. во него живееле 896 лица.[4]

Во септември 1924 г. по сила на Лозанскиот договор населението како муслиманско е иселено во Турција, а на негово место се доведени првите грчки дојденци — 277 семејства од селото Фулаџик и 9 семејства од Киздервент, Никомидиско, 83 семејства од Чанта, Источна Тракија, 7 семејства Понд и 2 ерменски семејства. Доселениците говореле турски,[4] но оние од Киздервент се всушнос Македонци од Охридско присилно иселени таму на почетокот на XVIII век за да бидат дервенџии, чиј јазик и денес е смеса од македонски со турски зборови.[15] Во 1925 г. селото е преименувано во Европос, согласно грчката политика на присвојување на древномакедонското наследство. Во 1928 г. Ашиклар е претставен како мешано домородно-дојденско село со 1.393 доселеници (388 семејства).[16] Според други извори, таа година во него се заведени 1.338 лица.[4]

Во 1925–1927 г. е изградена црквата „Св. Ѓорѓи“ во облик на трикорабна базилика од тули со со женска црква. Во 1978–1980 на нејзино место е изградена голема трикорабна базилика со купола и женска црква, посветена на истиот светец.[17]

Месности во Ашиклар преименувани со служен указ на 31 јули 1969 г.
Име Грчки Ново име Грчки Опис
Кислар Бурну[18] Κιολάρ Μπουρνού Митула[19] Μυτούλα месност на ЈЗ од Ашиклар[18]
Ашиклар[18] Άσικλάρ Левендес Λεβέντες[19] возвишение на З од Ашиклар (165,2 м)[18]
Чаири[18] Τσαΐρια Ливадија Λιβάδια[19] месност на СЗ од Ашиклар[18]
Карамандере[18] Καραμάν Ντερέ Караманос Καραμάνος[19] река на С од Ашиклар[18]
Бостанлика[18] Μποστανλίκα Пепониес Πεπονιές[19] месност на С од Ашиклар[18]
Либахово[18] Λιμπάχοβον Дискос Δίσκος[19] возвишение на СЗ од Ашиклар и на И од Либахово (203,8 м)[18]
Карачалија[18] Καρά Τσαλια Мавроклада Μαυρόκλαδα[19] месност на И од Ашиклар по десниот брег на Вардар[18]

Население

[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 1.671 1.632 1.874 1.750 1.756 2.345 2.425 1.734
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Бабев, Иван, „Македонска голгота – Спомени и изповеди от Ениджевардарско“, ТАНГРА ТанНакРа ИК, София 2009, стр. 330, 291.
  3. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 53. ISBN 9989-9819-6-5.
  5. „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Α1/Φ16/59168/2199 π.ε./1-2-1986 - ΦΕΚ 118/Β/19-3-1986“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 24 јануари 2021. Посетено на 28 јуни 2018.
  6. Generalkarte von Mitteleuropa 1:200.000 der Franzisco-Josephinischen Landesaufnahme (германски). Österreich-Ungarn. ab 1887-1914. Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)
  7. 7,0 7,1 7,2 „Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Γιανιτσών 1886 – 1927“. lithoksou.net. Посетено на 16 јули 2019.
  8. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  9. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 147. ISBN 954430424X.
  10. Бабев, Иван, Македонска голгота – Спомени и изповеди от Ениджевардарско, ТАНГРА ТанНакРа ИК, София 2009, стр. 330-332, 476.
  11. Дебърски глас, година 1, брой 49, 6 март 1910, стр. 3.
  12. Χαλκιόπουλος, Αθανάσιος (1910). Εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου. Αθήναι.
  13. Шалдев, Христо. Областта Боймия в Югозападна Македония. Македонски преглед, 1930, 6:1, стр. 61–69.
  14. Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 28.
  15. Шишманов, Димитър. „Необикновената история на Малоазийските българи“, II издание, „Пони“, София, 2001, стр. 49-50.
  16. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
  17. Λάμπρου, Σουλτάνα Δ. „Ιερός Ναός Αγίου Γεωργίου στον Ευρωπό του Νομού Κιλκίς“. Promo.cross. Архивирано од изворникот на 4 април 2018. Посетено на 21 јуни 2014.
  18. 18,00 18,01 18,02 18,03 18,04 18,05 18,06 18,07 18,08 18,09 18,10 18,11 18,12 18,13 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
  19. 19,0 19,1 19,2 19,3 19,4 19,5 19,6 „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 483. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 147): 1049. 1969. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]