Ајванхо Ivanhoé | |
---|---|
Пастиш опера од Џоакино Росини | |
Госпоѓица Лемур како Лејла | |
Либретист | |
Јазик | Француски |
Засновано на | Ајванхо на Волтер Скот |
Премиера | 15 септември 1826 |
Ајванхо ― пастиш опера од 1826 година во три чина со музика од Џоакино Росини за либрето на француски јазик од Емил Дешамп и Габриел-Гистав де Ваји, по истоимениот роман на Волтер Скот од 1819 година. Музиката била приспособена, со дозвола на композиторот, од музичкиот-издавач Антонјо Пацини од оперите на Росини, имено Семирамида, Пепелашка, Страчка крадливка и Танкреди со цел да ја воведе неговата музика во Париз. Испитувањето на партитурата покажува дека Пацини користел и музика од Бјанка и Фалјеро, Армида, Мехмед II, Аврелијан во Палмира, Сигисмунд, Торвалдо и Дорлиска, Мојсеј во Египет и количина на новокомпонирана музика вклучувајќи фанфари и галоп што подоцна бил станало познат по неговото вклучување во Вилијам Тел. Делото било премиерно изведено на 15 септември 1826 година, во театарот Одеон.[1][2]
Била изведена во Англија во 1829 година како Слугинка на Јуда со музика аранжирана од Мајкл Рофино Лејси, кој исто така го превел и ревидирал изворното либрето на Дешан и Де Ваји. Лејсиевата верзија била изведена и во Њујорк во Парковиот театар во 1832 година.[3][4] Првата изведба на Ајванхо во денешно време била на фестивалот Дела Вале д'Итрија во 2001 година.[5]
Улога | Вид на глас | Премиерен состав, 15 септември 1826 година (диригент : -) |
---|---|---|
Ајванхо | тенор | Леконт |
Лејла | сопран | Лемул |
Брајeн де Боагилбер | бас | Леклер |
Исмаел | баритон | Леон |
Седрик | баритон | V Адолф |
Ле Маркиз Лика де Боманоар | бас | Шарл |
Албер де Малвоазен | тенор | Пејроне |
Предвесник | тенор | Масо |
Тјери | без глас |
|