БК-3 ― хрватски борбен шлем произведен од Шестан-Буш (Šestan-Busch),[1] и е стандарден борбен шлем на Вооружените сили на Хрватска. Исто така, широко е извезуван до многу потрошувачи од НАТО и од Блискиот Исток.
БК-3 го заменил Шестан-Буш БК-9, кој бил првата хрватска верзија на Гефехтсхелм (Gefechtshelm) М92, освен што го користел првичниот систем PASGT, од Соединетите Држави, за поврзување со главата.[2]
БК-3 е направен од арамидно влакно, со антибалистичко ниво на заштита IIIA според NIJ 0106.01 и антибалистичка заштита v50≥ 650 м/с според STANAG 2920.[3] Шлемот порано бил направен од кевлар. Обликот на шлемот е многу сличен на шлемот Гефехтсхелм М92 на Сојузната одбрана (Bundeswehr), кој самиот е изведен од шлемot ПАСГТ од Соединетите Држави. Како и кај германскиот M92, БК-3 доаѓа со лента за брадата со три точки.
Šestan-Busch имаат патенти за нивната конструкција со „технологија без завртки“ на нивните шлемови и за нивните системи за заштита на главата т.н. „SHOTECK inside equipment“.[4] Најновата верзија има вградени странични шини за светла и преден NVG држач.