Бак (хангул: 박; ханча: 拍) — дрвен ударен инструмент којшто се користи во корејската дворска и обредна музика.[1] Свирачот на бак се нарекува „чипбак“ и има улога на диригент или музички надзорник на свирачката група. Бакот произведува ударен звук којшто означува почеток на музиката.[1]
Бакот се изработува од 6 рамни дрвени табли коишто се со големини од околу 34 см х 7 см. Таблите се врзуваат заедно на едниот крај со жица или со врвца за да добие облик на ладало откако ќе се отвори.[2]
Џипбаците го користат бакот за да ја предводат групата на ист начин како што диригентот ја користи палката. Бакот испушта звук со три удари кога музиката започнува и завршува, а исто така и кога се случуваат значителни промени.