Бачишта | |
Координати 41°36′19″N 20°54′24″E / 41.60528°N 20.90667°E | |
Општина | Кичево |
Население | 470 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 12003, 12503 |
Надм. вис. | 962 м |
Бачишта на општинската карта Атарот на Бачишта во рамките на општината | |
Бачишта на Ризницата |
Бачишта — село во Општина Кичево, во околината на градот Кичево. До 2013 година селото било дел од Општина Зајас, која се припоила кон Кичево.
Селото се наоѓа на источните слапови на Бистра Планина. Селото се наоѓа на Бачишка Река. Оддалечено е 13 километри северно од Кичево. Од патот Кичево-Гостивар, населбата е оддалече на 4,4 км, а од градот Кичево 15,5 км.
Во XIX век селото било дел од Кичевската каза во Отоманското Царство.
Историски населението во Бачишта секогаш било албанско. Но кога во 1991 година во селото бил формиран разгранок на ПДП веднаш во училиштето бил бојкотиран македонскиот јазик и бил воведен албанскиот. Преку албанските политички структури бил извршен притисок и тогашниот македонски министер за образование дозволил, наместо дотогашниот македонски, во училиштето во Бачиште и официјално да се воведе албанскиот како наставен јазик. Така и ден денес децата учат на албански, додека дома си зборуваат на мајчиниот македонски јазик, а веќе партиско-политички „национално“ се идентификуваат како - Албанци.[2]
Атарот е голем и зафаќа простор од 22,3 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 1.427,9 ха, пасиштата заземаат површина од 543,9 ха, а на обработливото земјиште отпаѓаат 201 ха. Според ваквата аграрна структура селото има мешовита земјоделска функција.[3]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Бачишта живееле 450 жители, сите Торбеши (Македонци муслимани).[4]
Од другата страна пак, според рускиот филолог Афанасиј Селишчев, селото во 1929 година било означено како словенско.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 300 Македонци.[6]
Во Бачишта живее албанско население, коешто во 1961 година броело 527 жители, додека во 1994 година селото имало 685 жители.
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 772 жители, од кои 1 Македонец, 756 Албанци и 15 останати.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 470 жители, од кои 443 Албанци, 2 Роми и 25 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 225 | 80 | 475 | 501 | 527 | 642 | 646 | 22 | 685 | 772 | 470 |
Бачишта е албанско село.
Родови во селото се:
Наведените родови се староседелски.[12]
Во селото постои избирачкото место бр. 824 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 690 гласачи.[14]