Башму (акадски: 𒈲𒊮𒉣𒇬, буквално „Отровна змија“) — античко месопотамиско митолошко суштество, змија со рогови со две предни нозе и крилја.[2] Башму исто така било акадското име на вавилонското соѕвездие еквивалентно на грчката Хидра. Сумерските термини ušum (прикажан со стапала) и muš-šà-tùr („божица на раѓање-змија“, прикажана без стапала) можат да претставуваат различни иконографски типови или различни демони.[3] Најстарата потрврда на Вашму е натпис од 22 век пр. н. е. на Гудеа.
Во Ангим или „Враќањето на Нинурта во Нипур“, тој бил идентификуван како еден од единаесетте „воини“ (ур-саг) поразени од Нинурта. Башму бил создаден во морето и бил долг „шеесет двојни милји“, според фрагментарниот асирски мит кој раскажува дека голтал риби, птици, диви магариња и луѓе, предизвикувајќи презир кај боговите кои го испратиле Нергал или Палил („шармер на змии“) да го победи. Тој беше еден од единаесетте чудовишта создадени од Тиамат во митот за создавање Енума Елиш. Имал „шест усти, седум јазици и седум ...-и на стомакот“.