Бајловце

Бајловце
Бајловце во рамките на Македонија
Бајловце
Местоположба на Бајловце во Македонија
Бајловце на карта

Карта

Координати 42°13′49″N 21°57′43″E / 42.23028° СГШ; 21.96194° ИГД / 42.23028; 21.96194
Регион  Североисточен
Општина  Старо Нагоричане
Област Козјачија
Население 61 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1302
Повик. бр. 031
Шифра на КО 17006
Надм. вис. 628 м
Бајловце на општинската карта

Атарот на Бајловце во рамките на општината
Бајловце на Ризницата

Бајловце — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Козјачија, во околината на градот Куманово.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Населбата се наоѓа во североисточниот дел на територијата на Општината Старо Нагоричане, во ридско-планинската област Козјачија. Населбата е ридска и лежи на надморска височина од 600 до 760 метри. Од градот Куманово селото е оддалечено 32 км.

Историја

[уреди | уреди извор]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Атарот е голем и зафаќа простор од 23 км2. На него преовладуваат пасиштата на површината од 1380,4 ха, потоа обработливото земјиште на кое отпаѓаат 634,6 ха, и шумите на 39,2 ха. Селото има полјоделско-сточарска функција.[2]

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948792—    
1953776−2.0%
1961707−8.9%
1971536−24.2%
1981328−38.8%
ГодинаНас.±%
1991182−44.5%
1994153−15.9%
2002129−15.7%
202161−52.7%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 900 Македонци.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Бајловце имало 129 жители, од кои 126 Македонци, 2 Срби и 1 останат.[4]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 61 жител, од кои 57 Македонци и 4 лица без податоци.[5]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 910 880 792 776 707 536 328 182 153 129 61
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Бајловце е македонско село.

Според истражувањата од 1971 година родови во селото се:

  • Доселени со познато потекло: Височани (19 к.), Тресоглавци (9 к.), Рудињци (8 к.) и Герасинци (6 к.) сите потекнуваат од ист предок, според преданието доселени се од околината на Крагуевац, Србија.
  • Доселеници со непознато потекло: Павлевци (15 к.), Крстинци (6 к.), Долнобозовчани (13 к.), Горнобозовчани (8 к.), Таверци (8 к.), Грмаѓани (7 к.), Белчинци (4 к.), Грујинци/Грујовци (4 к.) и Ремењарци (4 к.).[10]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Археолошки наоѓалишта[11]

Во селото постои мошне стара црква „Св. Димитрие“, но не е познато кога е изградена.

Иселеништво

[уреди | уреди извор]

Бајловце нема многу добри услови за живот, и затоа од него се иселувало населението. Машкото население најпрво одело на печалба во Скопје и Куманово, а потоа го повлекувало и семејството со себе. Па така од Бајловце има огромен број на иселено население во Скопје (200 семејства) и во Куманово (100 семејства).

Има и други постари иселеници во некои кумановски и скопски села. Орманци иселени се во селото Пелинце. Тодоровци иселени се во селото Карловце. Пирајци иселени се во селото Пузајка. Трајановци иселени се во селото Дељадровци.[10]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 16–17.
  3. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  4. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 18 март 2017.
  5. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  9. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  10. 10,0 10,1 Трифуноски, Јован (1974). Кумановска област. Скопје.
  11. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 205. ISBN 9989649286.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]