Дамат Бајрам Паша | |
---|---|
Голем везир на Османлиското Царство | |
На должноста 2 февруари 1637 – 26 август 1638 | |
Монарх | Мурат IV |
Претходник | Табанијаси Мехмед-паша |
Наследник | Тајар Мехмед-паша |
Османлиски управител на Египет | |
На должноста 1626–1628 | |
Претходник | Кара Мустафа-паша |
Наследник | Табанијаси Мехмед-паша |
Лични податоци | |
Починал(а) | 26 август 1638 Шанлаурфа[1] |
Вероисповед | ислам |
Бајрам-паша (починал во 26 август 1638 во Шанлаурфа) — османлиски државник и Голем везир во периодот од 1637 до 1638 година.
Потекнувал од градот Ладик, блуски Амасија и бил член на јаничарскиот корпус. Иако јаничарите главно се регрутирале во почетокот од христијанските територии, во времето на Мурат III започнало со регрутирање и на муслимански деца. Во 1625 година станал управител на Египет, а во 1635 станал кајмакам (градоначалник) на Цариград. Во 1637 година станал Голем везир и учествувал во заземањето на Багдад. Починал од природна смрт.
Според османлиската традиција, ќерките и сестрите на султанот се мажеле за везирите но Бајрам бил исклучок бидејќи бил во брак со Ханзаде, сестрата на Осман II а Мурат IV не му наредил нов брак. Инаку Бајрам-паша бил познат по изградба на јавни установи. Тој ги зацврстил ѕидините на градот а денеска областа Бајрампаша во Фатих е наречена според него. Тој е познат и по тоа што го наредил погубувањето на познатиот поет Нефи поради пишувањето на сатирични песни.
Политички функции | ||
---|---|---|
Претходник Табанијаси Мехмед-паша |
Голем везир 2 февруари 1637 – 26 август 1638 |
Наследник Тајар Мехмед-паша |