Корица на оригиналната верзија | |
Автор | Александар Пушкин |
---|---|
Изворен наслов | По́вести поко́йного Ива́на Петро́вича Бе́лкина |
Земја | Руско Царство |
Јазик | руски |
Жанр | повест |
Издадена | 1831 |
Белкинови повести (целосен наслов Повести на починатиот Иван Петрович Белкин) — циклус повести од Александар Сергеевич Пушкин.
Делото се состои од предговор и пет повести:
Повестите се првото завршено прозно дело на Пушкин. Сите се напишани во селото Велико Болдино, есента 1830 година. Според датирањето на авторот, повестите се завршени:
Предговор Од издавачот датира приближно во втората половина на октомври или почетокот на ноември 1830 година.
Пушкин секоја повест ја напишал во стилот на одредени книжевни насоки: Истрел е романтична повест, Виулица, Управникот на поштенската единица и Госпоѓица-селанка се сентиментални повести, а Гробарот содржи елементи на готска повест [1]. Темата на „малиот човек“ е присутна во делото, која особено се развива во Управникот[2].
Циклусот повесте е целосно, вклучувајќи го и предговорот на „издавачот“, бил објавен во книгата Повестите на починатиот Иван Петрович Белкин, објавена од А.П. во Санкт Петербург во 1831 година.[3]
Мислењата на современиците за целиот циклус биле поделени. Според мислењето на Бјелински, „повестите биле недостојни за неговиот талент (на Пушкин)“, додека А. Григориев многу ги ценел. [4] [5]
Книгата започнува со вовед во кој Пушкин се преправа дека е издавач на приказните на Белкин. Самите приказни не се меѓусебно поврзани, освен што во воведот се споменува дека тие се приказни раскажани од разни луѓе на неодамна починатиот земјопоседник Иван Петрович Белкин.
Белкин е измислен Пушкинов лик, а неговиот краток животопис е даден во предговорот на книгата. Станува збор за млад земјопоседник на селото Горјухина, кој починал во 1828 година на триесетгодишна возраст. За време на неговиот живот, тој не бил заинтересиран за управување со имотот и го поминувал своето време во книжевна работа. Покрај во циклусот, Белкин се појавува и како автор на Историја на селото Горјухина[4].
Воведот содржи наводно објаснување од издавачот и писмо од некој земјопоседник, со штур животопис на Белкин.
Воведот на издавачот е напишан со доза на хумор. На пример, на почетокот на воведот, издавачот пишува за писмото: „Го објавуваме без никакви промени или забелешки...“, меѓутоа, на писмото се додаваат две забелешки и скриен дел од текстот. Ова создава разигран лик на „простодушен“ или „наивен издавач“, кој изгледа не забележува противречност во неговите сопствени зборови. Во писмото исто така пишува: „Вашето ценето писмо од 15 овој месец имав чест да го примам на 23 истиот месец...“, но тоа носи датум 16 ноември што покажува дека одговорот е напишан пред приемот на самото писмо.
Пензионираниот војник Силвио раскажува за навредата што му ја нанел млад безгрижен гроф. Го наоѓа по седум години и бара одмазда.
Дејството се случува во 1811 година, по походот на руската армија во странство. Главниот лик, Марија Гавриловна, се вљубува во заставникот Владимир Николаевич и одлучува да побегне со него, но по грешка се мажи за хусарскиот полковник Бурмин.
Трговскиот помошник Б.В. го раскажува страшниот сон на гробарот Адријан Прохоров.
Дуња, убавата и кокетна ќерка на Симеон, управник на мала поштенска единица, е киднапирана од младиот хусар Мински.
Девојката К.И.Т. ја раскажува љубовната приказна на Белка за двајца млади луѓе, Алексеј, син на велепоседникот Иван Петрович Берестов и Лиза, ќерка на Григориј Иванович Муромски, велепоседник англофил.
|