Бергијанска ботаничка градина е сместена во областа Фрескати на периферијата на Стокхолм, блиску до Шведскиот музеј за природна историја и главниот кампус на Универзитетот во Стокхолм. Директорот на градината е познат како професор Бергианус.
Градината е основана во 1791 година преку донација од историчарот Бенгт Бергиус и неговиот брат, лекар и научник Петер Јонас Бергиус, за Кралската шведска академија на науките. Најпрвин се наоѓала во нивната палата и нејзината соседна градина на Карлбергсвагенскиот пат, во сегашната област Васастаден во центарот на Стокхолм. Градината била донирана на Кралската академија по смртта на браќата во 1791 година, по нивна волја. Прв директор бил Олоф Сварц.
Градината била преместена на нејзината денешна локација во 1885 година, бидејќи оригиналната локација била планирана за нова изградба. Денес градината е во сопственост на шведската влада и Кралската шведска академија на науки. Заеднички е администрирана од Академијата на науките и Универзитетот во Стокхолм.