Берта Бојету | |
---|---|
Роден/а | 7 февруари 1946 Марибор, НР Словенија, СФРЈ |
Починат/а | 16 март 1997 Љубљана, Словенија | (возр. 51)
Занимање | писателка, поетеса, глумица |
Националност | Југословенка, Словенка |
Народност | Еврејка |
Значајни дела | Филио не е дома, Куќа за птици |
Значајни награди | Награда „Кресник“ 1996 Куќа за птици |
Деца | Клемен Јелинчич Боета |
Берта Бојету (исто така Берта Бојету Боета; 7 февруари 1946 - 16 март 1997 година) ― словенечка писателка, поетеса и глумица.
Бојету е родена во Марибор во 1946 година. Студирала на Факултетот за образование на Универзитетот во Љубљана и на Академијата за изведувачки уметности во Љубљана. Работела во Љубљанскиот куклен театар и била една од основачите на театарската група Кореодрама.[1] Таа починала во Љубљана во 1997 година.
Во 1996 година ја добила Наградата „Кресник“ за нејзиниот роман Куќа за птици (словенечки: Pticja hiša).[2]
Во 2002 година во Марибор бил организиран меѓународен симпозиум за работата на Бојету. Трудовите дадени на симпозиумот биле објавени во 2004 година[3]
Таа била мајка на историчарот и преведувач Клемен Јелинчич Боета.
|