Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Бесмртна возљубена е името кое композиторот Лудвиг ван Бетовен ѝ го дава на непозната личност во три прочуени љубовни писма. Меѓу можните кандидатки се Јохана ван Бетовен, Антонија Брентано, Тереза фон Брауншвајг и Ана-Мари Ердоди.
Единствениот документиран доказ за "Бесмртна возљубена" е интроспективно писмо полно со емоции кое Бетовен го пишува во временски период од три дена од Боемската бања на Теплиц (воројатно датирајќи од јули 1812 година, иако годината не е дадена) посветено на неименувана жена со која тој има средба во Прага или Виена неделата пред да започне со пишување на писмото и со која во истото тој крои планови да се сретне во место со почетна буква "К", за кое повеќето писатели по Мејнард Соломон претпоставуваат дека е Карлсбад. Текстот на писмото укажува на постоечка долга љубовна врска. Во неговите страници Бетовен ја отвора и разговара за можноста како и за потенцијалните пречки за брак :
Добро утро, на 7 јули, иако сè уште во постела, моите мисли патуваат кон тебе, моја бесмртна возљубена, сега и тогаш со радост, потоа за жал, чекајќи да дознаам дали судбината ќе не слушне - Јас можам да живеам целосно со тебе или воопшто да не живеам - Да, јас сум решен да талкам толку долго далеку од тебе сè до моментот кога ќе можам да долетам во твоите прегратки и да ти кажам дека припаѓам до тебе и дека можам да ја пратам мојата душа обвиткана во тебе во светот на духовите - Да, за жал мора да биде така - Ти ќе бидеш помирна бидејќи знаеш дека сум ти верен. Никоја друга нема да може да го поседува моето срце - никогаш - никогаш - О Боже, зошто мора некој да биде разделен од личноста која толку многу ја сака. А сепак, мојот живот во В сега е беден живот - Твојата љубов истовремено ме прави најсреќниот и најнесреќниот човек - На овие години мене ми треба стабилен, мирен живот - може ли тоа да биде така во нашата врска?...(извадок)
По смртта на Бетовен во 1827 година, писмото е пронајдено меѓу неговите приватни документи, силно укажувајќи на тоа дека или никогаш не било испратено или дека подоцна му е вратено од страна на примачот. Моментално подзаборавената академска услуга која ѝ е направена на Антонија Брентано како путативниот примач може да се додаде на наведените аргументи во влијателната книга на ученикот на Бетовен, Мејнард Соломон.
Соломон пишува :
Таа мора да е жена добро позната за Бетовен во Виена ; Таа мора да била во Прага во првата недела од јули 1812 година ; и таа мора да била во Боемското бањско лекувалиште на Карлсбад во наредните неколку недели.
Треба да се има на ум дека Бетовен никогаш не го користи целсното име на Карлсбад во писмото туку само почетната буква "К", за која еден истражувач дава неточен предлог дека можеби станува збор за Клостернеубург, наводно најблиската Пошта до имотот во Једлерси на грофицата Ана-Мари Ердоди. Сепак, оваа претпоставка е апсолутно неоснована бидејќи ако се земе предвид дека во Клостернеубург може да се стигне само од Једлерси преку Виена и Кахленбергердорф (не постои мост преку Дунав меѓу Корнеубург и Клостернеубург), следната Пошта до Једлерси е секако т.н. "Оптмот"во Леополдстад во Виена.
Така Соломон ги сумира трите основни услови за нејзина идентификација, врз основа на неговото проучување на доказите содржани во писмото. Но неговото расудување е нарушено од еден голем недостаток : писмата од семејството Брентано кои Клауз Мартин Копиц ги објавува во 2001 година, во храбар обид да приложи нови документи за дебатирање, покажуваат дека не е можно Антонија да е "Бесмртната возљубена". Таа е среќно омажена сопруга и мајка чиј краток престој во Прага во јули 1812 година (помалку од еден ден) е поминат во потрага по воспитувач за нејзиниот единаесетгодишен син Џорџ : таа пристигнува заедно со нејзиниот сопруг, петгодишната ќерка Фани и слугинка на 3 јули и тие сите заминуваат за Карлсбад во 6 часот наредното утро. Каде Антонија има време таа ноќ за романтична средба со Бетовен? Како што е често тврдено, нејзината кандидатура, која го вклучува тешко веројатното сценарио на "menage a trois" во Карлсбад, нема никаква психолошка смисла.
Дополнителен (надворешен) услов предложен од страна на Соломон е дека веројатно името на таа жена е со почетната буква "А" која Бетовен ја споменува во воведот на примерокот на Антон Графер од дневникот на Бетовен-(Tagebuch) од 1812 година :
"Начинот на кој со А се оди во пропаст"
Бидејќи не е ни сигурно дека транскрипцијата на воведот на Графер е точна, самата буква "А" не може да обезбеди основа за веродостојна идентификација. Всушност, Бетовен ја пишува буквата "А" во неговите пронајдени писма во стар германски ракопис, која значително се разликува од латинската форма на буквата "А", и можеби се работи за музичко нотирање. Неодамнешните истражувања укажуваат на тоа дека "А" е всушност "Ст" и се однесува на сопругот на Џозефина вон Стакелберг, грофот Стакелберг.
Една од големиот број пречки за прифаќање на тврдењето на Соломон е фактот дека Антонија Брентано не е единствената жена чие име почнува на буквата "А" и која е блиска со Бетовен во периодот за кој стана збор (1811-1812), и за која се знае дека е нагалено нарекувана Тони во кругот на семејството и пријателите. Значи доколку почетната буква "А" се однесува на Антонија, Бетовен поверојатно ќе го искористел иницијалот "Б". Исто така, можеби треба да се напомене дека кога Антонија повторно ја напушта Виена и заминува за Франкфурт во 1812 година, таа заминува засекогаш, и оттогаш не постои никаква евиденција за понатамошен личен или писмен контакт меѓу неа и композиторот, иако од неговите посвети станува јасно дека тој сè уште се смета себеси за близок пријател на семејството Брентано.
Втора, дури и позначајна пречка за прифаќање на тврдењето на Соломон е тоа дека Бетовен му кажува на еден свој пријател дека тој ја запознал љубовта на неговиот живот (без сомнение, Бесмртната возљубена) пред пет години. Најдобриот биограф на Бетовен, Александар Виалок Тајер, цитира два извора кои укажуваат на тоа дека Антонија го знае Бетовен пред 1810 година. Првиот извор претставува изјава од американскиот конзул во Франкфурт дека тој од семејството Брентано констатирал дека Бетовен ја знае Антонија дури и пред нејзиниот брак во 1798 година. Другиот извор претставува писмена потврда од семејството Брентано до конзулот дека Бетовен ја знае Антонија пред таа да се пресели во Виена во 1809 година како резултат на неговото долгогодишно пријателство со нејзиниот татко. Изворите на Тајер се дословно наведени во Том 3 од германското издание на Тајер објавено во 1923 година (Leipzig, Breitkopf & Haertl) .
Гејл С. Алтман го актуелизира случајот за Ана-Мари - заедно со исцрпувачко побивање на тврдењата на Соломон за Антонија Брентано - во истражување посветено на прашањето за идентитетот на мистериозната жена и општо врските на Бетовен, привлекувајќи особено внимание на репутацијата на почесно однесување на композиторот во сите негови односи со мажени жени. Алтман продолжува да потенцира дека предавство на довербата на пријател со имање на афера со неговата сопруга - дело кој Соломон му го припишува - се коси со најдлабоките принципи на Бетовен.
Во 2002 година, Бетовен Журнал, здружен со Американ Бетовен Сосајети, објавува весник во кој се тврди дека Бесмртната возљубена е всушност золвата на Антонија, Бетина Брентано. Бетина објавува три писма за кои таа тврди дека ѝ ги испратил Бетовен. Пронајдено е едно од тие писма кое е идентично со она кое таа го објавува. Во пронајденото писмо Бетовен признава дека веќе примил две нејзини писма и ја замолува повторно да му пише "наскоро и почесто". Тој вели дека едно од нејзините писма го носел со себе цело лето и дека тоа направило да се чувствува "честопати многу среќно". Во неговите последни зборови, тој ѝ се обраќа со интимната германска "ду-форма", која како што е досега познато, тој не ја употребува во ниту едно друго писмо посветено на жена која не е Бесмртната возљубена. Ако третото писмо од Бетовен, кое Бетина го објавува и кое не е пронајдено ,е оригинално, тоа дефинитивно ќе докаже дека Бетина е Бесмртната возљубена бидејќи третото писмо е напишано само неколку недели откако тој го пишува неговото писмо до Бесмртната возљубена, и јазикот на кој е напишано е во целосна согласност.
Антонија вон Биркенсток Брентано (28 април, 1780 година, Виена - 12 април, 1869година, Франкфурт, Мајна) е ќерката на Јохан-Мелкиор вон Биркенсток. Таа е една од можните кандидатки именувана од учени луѓе(интелектуалци) како Бесмртната возљубена (Unsterbliche Geliebte) на Бетовен. Сопругот на Антонија, франкфуршкиот банкар Франц Брентано, е добар пријател на Бетовен за време на краткиот престој на семејството во Виена и постои можност неговата полусестра Бетина вон Арним (моминско презиме Брентано) да ги запознала во 1811 година. По преселувањето со својот сопруг во Франкфурт, Антонија се враќа во Виена за да му помага на нејзиниот татко кој е пред умирање и потоа останува две години со цел решавање на имотот во кои таа го обновува пријателството со Бетовен.
Бетовен ѝ ја посветува Дијабели Вариејшнс Оп.120 и неговата Пијано Соната Оп.109 на нејзината ќерка Максимилијана. Нејзиниот ракопис е идентификуван на ракопис-примерокот на циклусот песни "За далечната возљубена" (An die ferne Geliebte) во кој е напишано следното : "Побарано од моја страна од авторот на 2 март, 1812 година". На 26 јуни, 1812 година, Бетовен ја пишува нежната посвета за нејзината ќерка на ракописот за неговата Пијано Трио во рамен Б.
Бесмртна возљубена е филм од 1994 година за животот на композиторот Лудвиг ван Бетовен (кој го игра Гери Олдман). Приказната го следи секретарот и првиот биограф на Бетовен, Антон Шиндлер (Jeroen Krabee) во неговиот обид да го утврди вистинскиот идентитет на Бесмртната возљубена (Unsterbliche Geliebte) .Шиндлер патува низ австриската империја интервјуирајќи жени кои би можеле да бидат потенцијални кандидатки и испитувајќи го бурниот живот на самиот Бетовен. Во последните сцени од филмот, откако Шиндлер не успева да ја открие вистината, се открива дека Јохана ван Бетовен, наводно омразената снаа на Бетовен е Бесмртната возљубена и дека Карл е плодот на нивната љубов. (Ова, секако, е чиста шпекулација.)