„Бејби, мора да заврне“ | |
---|---|
Филмски плакат | |
Режисер | Роберт Малиган |
Продуцент | Роберт Малиган Ален Џ. Пакула |
Сценарист | Хортон Фут |
Главни улоги | Ли Ремик Стив МекКвин |
Музика | Елмер Бернштајн |
Кинематографија | Ернест Ласло |
Монтажа | Арон Стил |
Дистрибутер | Колумбија Пикчрс |
Премиера | јануари 15 1965(САД) |
Времетраење | 100 минути |
Земја | САД |
Јазик | англиски |
Бејби, мора да заврне е американска драма, филм од 1965 година во кој главната улога ја толкува Стив МекКвин, а режијата е на Роберт Малиган. Драматургот Хортон Фут, кој го напишал сценариото, дејството го засновал на неговата драма "Дамата која патува“ (The Travelling Lady)[1].
Жоржет Томас и нејзината шестгодишна ќерка Маргарет Роуз патуваат до еден мал град на југот од Тексас за да се сретнат со нејзиниот сопруг Хенри Томас, кој е пуштен од затвор по отслужување на казната за убиство на човек при една тепачка. Хенри е неодговорен рокабили пејач и гитарист.
Тој се обидува да направи дом за своето семејство, но Кејт Досон, стара немажена девојка која го одгледала откако му починале родителите, и понатаму е сериозно присутна во неговиот живот и се обидува да ги спречи неговите напори, заканувајќи се да го врати во затвор ако тој не ги исполни нејзините барања. Кога жената конечно ќе умре, Хенри во пијана состојба го уништува нејзиниот имот и го сквернави нејзиниот гроб. Тој се враќа во затвор, а Жоржет и Маргарет Роуз го напуштат градот со локалниот шериф Слим.
Филмот е сниман на локации во градовите Беј Сити, Колумбус, Локхарт и Вартон во државата Тексас.
Насловната музичка нумера, што ја компонирал на Елмер Бернштајн, а текстот го напишал Ерни Шелдон, ја изведува Глен Јарбрoу за време на најавната шпица на филмот. Песната на Јарбрoу стигнала до 12 позиција на Билборд Хот 100 (Billboard Hot 100).