Биргита Бремер

Биргита Бремер (родена на 17 јануари 1950 година) — шведски ботаничарка и академик, професор на Универзитетот во Стокхолм и директор на ботаничката градина Бергиус.[1]

Професорката Бремер докторирала ботаника во 1980 година на Универзитетот во Стокхолм, со тезата „Таксономија на мов од родот Шистидиум“. Во 1981 година била назначена за доцент на Универзитетот во Стокхолм. Од 1983 до 1990 година била инструктор по систематика, а помеѓу 1990 и 2000 година била инструктор по систематска ботаника. Во 2000-2001 година служела како декан на одделот за систематика; 2000-2004 година - професор по растителна молекуларна систематика.

Од 2002 година била директор на Фондот Бергиус и директор на Ботаничка градина.[2] Од 2004 година е професор по систематика на Универзитетот Стокхолм.

Приватен живот

[уреди | уреди извор]

Таа е омажена за д-р Кор Бремер и имаат две деца.

Достигнувања

[уреди | уреди извор]

На 11 февруари 2009 година, професор Бремер, била избрана за член на Кралската шведска академија на науките.[3]

  1. „Harvard University Herbaria & Libraries“.
  2. „Birgitta Bremer - Bergius Botanic Garden“. Архивирано од изворникот на 2019-02-07. Посетено на 2020-10-05.
  3. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2022-03-10. Посетено на 2020-10-05.