Божин Павловски | |
---|---|
![]() Павловски во 2007 г. | |
Занимање | писател и сценарист |
Националност | Македонец |
Државјанство | македонско |
Народност | Македонец |
Образование | Филозофски факултет |
Апсолвент на | Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ |
Период | 1964-денес |
Предмет | проза |
Книжевно движење | современа македонска книжевност |
Значајни дела | „Подвижно гробови“, „Роман за моето заминување“ и др. |
Значајни награди | „Рациново признание“, „11 Октомври“, и др. |
Божин Павловски (7 јануари 1942, с. Жван, Демирхисарско) — македонски писател[1] и редовен член на МАНУ. Тој живее и твори во Скопје и Мелбурн.
Божин Павловски е роден на 7 јануари 1942 година во селото Жван, во близината на Демир Хисар. Во родното место го завршил основното училиште, а во Битола завршил за ветеринарен техничар. Во 1961 година се вработил во ветеринарната служба во Уб, Србија, но кон крајот на годината се вратил во Битола, каде се запишал на Вишата земјоделска школа. Во 1962 година освоил прва награда на едне конкурс за расказ по што се преселил во Скопје, каде работел во весниците „Студентски збор“ и „Трудбеник“, а потоа во редакцијата на „Млад борец“. Истата година ја добил наградата на Сојузот на младината на Хрватска за најдобра репортажа. Во 1963 година се вработил во „Нова Македонија“, каде работел две години, најпрвин како филмски критичар, а потоа и како репортер од областа на културата. Во 1970 година бил на повеќемесечно патување во Австралија и Канада, а во 1971 година дипломирал југословенска книжевност на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје. Во 1975 година повторно заминал во Австралија, каде раководел со екипата што го снимила документарниот филм „Австралија, Австралија“ според неговото сценарио. Следната година, филмот освоил Гран при за најдобар филм на фестивалот во Белград. Во текот на 1976 година бил на подолг престој во Тајланд, Јапонија, Сингапур и Хонгконг.[2]
Павловски бил долгогодишен главен уредник на издавачката куќа „Мисла“ во Скопје, а исто така, е основач на издавачката куќа АЕА, основана во 1992 година во Мелбурн, Австралија. Оваа издавачка куќа ги издава весниците „Денес“ и „Македонија денес“ кои се вбројуваат меѓу највлијателните етнички весници во Австралија, САД и Канада. Во 1996 година, Павловски станал главен уредник на книгоиздателството „Матица македонска“ од Скопје. Бил член на Македонската академија на науките и уметностите и на Друштвото на писателите на Македонија (од 1964 до 2013 година). Во 2013 година од страна на Комисијата за верификација на фактите на Република Македонија е утврдена неговата соработка со тајните безбедносни служби на поранешната СФРЈ.[3] МАНУ ја има осудено ваквата одлука.
Иако Божин Павловски е добитник на многу престижни литературни признанија, неговата кариера ја следат и некои негативни критики за неговото дело, за кое на неколку наврати се зборувало дека е плагијат. Во 1992 година излегува книгата на Атанас Вангелов, наречена „Преписите на Божин Павловски“. Во 2003, студентката по компаративна книжевност, Маја Серафимовска, покренала тужба против него, бидејќи Павловски наводно ѝ го негирал соавторството на автобиографскиот роман „Патување со љубената“.[се бара извор]
Во јули 2013 година, Комисијата за верификација спровела процес на лустрација против Божин Павловски и утврдила дека тој соработувал со тајните служби. Со остри реакции против ваквата одлука се изјасниле Друштвото на писателите на Македонија, како и академиците Катица Ќулавкова и Георги Старделов.[4][5] Во знак на протест, Павловски го повлекол своето членство во МАНУ и Друштвото на писателите на Македонија.[6]
На 12 декември 2016 година Вишиот управен суд донел одлука со која се поништува лустрација на академик Божин Павловски на Комисијата за верификација на фактите. Во образложението на одлуката се наведува дека „одлуката на Комисијата за лустрација на Божин Павловски се поништува поради погрешно и нецелосно утврдена фактичка состојба“.[7]
Делата на Божин Павловски се преведени на дваесетина јазици, меѓу кои: англиски, француски, руски, српски, италијански, романски, албански, словенечки и други јазици.
Павловски е автор на следниве дела:[2][8][9]
Божин Павловски е добитник на следниве награди и признанија:[2]
Исто така, „Роман за моето заминување“ ја освоил наградата за најпродавана книга на Меѓународниот саем на книгата во Скопје (2002 г.), а „Патувањето со Љубената“ ја добил Интербалканската награда за книжевност во Солун (2002 г.).
Јазик | Македонски јазик · Граматика на македонскиот јазик · Дијалекти на македонскиот јазик · Македонска азбука · Историја на македонскиот јазик · Правопис на македонскиот јазик | ![]() Кирил Пејчиновиќ |
Рани примери | Свети Кирил · Свети Методиј · Свети Климент Охридски · Свети Наум Охридски | |
Среден век | Григориј Акиндин · Станислав Лесновски · Арсениј Солунски · Никодим Тисмански · Исаија Серски · Висарион Дебарски | |
Просветителство и XIX век | Војдан Чернодрински · Григор Прличев · Димитар Миладинов · Ѓорѓија Пулевски · Кирил Пејчиновиќ · Крсте Петков Мисирков · Константин Миладинов · Јоаким Крчовски · Јордан Хаџи-Константинов - Џинот · Рајко Жинзифов · Теодосиј Синаитски · Партенија Зографски · Григори Хаџи Јорданов | |
Период пред двете светски војни | Васил Иљоски · Антон Панов · Ристо Крле · Атанас Раздолов · Кочо Рацин · Коле Неделковски · Ацо Караманов · Никола Вапцаров · Венко Марковски · Ангелко Крстиќ · Антон Попов · Стојан Христов | |
По втората светска војна | Стале Попов · Ѓорѓи Абаџиев · Владо Малески · Славко Јаневски · Блаже Конески · Коле Чашуле · Ацо Шопов · Ташко Георгиевски · Томе Арсовски · Гане Тодоровски · Матеја Матевски · Димитар Солев · Анте Поповски · Симон Дракул · Митко Маџунков · Јован Котески · Петре М. Андреевски · Живко Чинго · Михаил Ренџов · Радован Павловски · Богомил Ѓузел · Тодор Чаловски · Влада Урошевиќ · Петар Ширилов · Ефтим Клетников · Јован Павловски · Данило Коцевски · Атанас Вангелов · Катица Ќулавкова · Србо Ивановски · Гого Ивановски · Санде Стојчевски · Јордан Плевнеш · Јован Стрезовски · Димитар Башевски · Бранко Цветкоски · Горан Стефановски · Сашко Насев · Дејан Дуковски · Блаже Миневски · Васил Тоциновски · Методи Манев · Венко Андоновски · Христо Петрески · Лилјана Дирјан · Димитрие Дурацовски · Лидија Димковска · Игор Исаковски · Славчо Ковилоски · Никола Маџиров · Бобан Богатиновски · Гоце Смилевски · Јовица Тасевски - Етернијан · Стефан Марковски · Трајче Кацаров · Жарко Кујунџиски · Оливера Ќорвезироска · Румена Бужаровска · Марина Мијаковска | |
Видете повеќе... |
|