Бомбашки напади во Багдад | |
---|---|
Место | Багдад , Ирак |
Датум | 23–24 април 2010 (UTC+4) |
Вид напад | координирани бомбашки детонации |
Мртви | 85+ |
Повредени | 145+ |
Број на осомничени | Ал Каеда во Ирак |
Бомбашките напади во Багдад претставуваат серија од бомбашки напади кои се случиле во април 2010 година во Багдад, Ирак. За само два дена, од настаните загинале 85 луѓе, а стотици биле сериозно повредени.[1] Повеќето од нападите биле извршени во близина на една шиитска џамија. Еден од нападите бил наменет за шиитскиот радикален водач Моктада Ал Садер.