Boncuklu Höyük | |
Урнатини во Бонџуклу Хојук | |
Место | Хајиролу, Конија, Турција |
---|---|
Област | Мала Азија |
Координати | 37°45′6.588″N 32°51′53.208″E / 37.75183000°N 32.86478000°E |
Вид | Населба |
Историја | |
Раздобје | Младо камено време |
Бончуклу Хојук ― младокамено археолошко наоѓачиште во Средна Анадолија, Турција, сместен на околу 9 км од попознатата наоѓалиште Чаталхојук. Тумбата е составена од остатоците на едно од најстарите села во светот, во кое живееле помеѓу 8300 и 7800 година п.н.е.[1][2] Градбите се мали и овални со ѕидови изградени од керпич. Остатоци од погреби на човечки тела биле пронајдени под катовите на градбите. Таму е откриена најраната позната керамика во Анадолија.[2]
Наоѓалиштето првпат било забележано од Даглас Берд од Универзитетот во Ливерпул во 2001 година.[1] Тој таму раководи со ископувања од 2006 година.[3]