Бор-Ондор (монголски: Бор-Өндөр), исто така Бор-Ундур е град во Монголија во покраината Хентиј. Градот се наоѓа во областа Дархан, Хенти|Дархан, но административно е одделен.
Градот се наоѓа на 1300 метри и е во близина на крајните граници на пустината Гоби. Бор-Ондор има површина од 144 км2.[1]
Градот во 2001 година имал 6.406 жители, додека во 2006 бројот се зголемил на 8.510.[2]. Бор-Ондор е втор најнаселен град во покраината Хентиј, веднаш после Ондорхан.
Бор-Ондор е поврзан со железничката линија Улан Уде - Улан Батор - Пекинг или т.н. Трансмонголска железничка линија.